За иницијативата

Иницијативата „Имате право да знаете“ е иницијатива со која управува Балканската регионална мрежа за владеење на правото (БРМВП). Иницијативата е поддржана од адвокати кривичари кои се дел од Работната група на БРМВП за кривично право и кои работат во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија и Србија. Целта на оваа иницијатива е да се унапреди владеењето на правото преку соработка помеѓу адвокатите кривичари од регионот.

Работната група за кривично право, како дел од нивниот ангажман, утврди две заеднички прашања со кои се соочува во сите земји членки на БРМВП:

  1. Правото на одбраната да ја добие наредбата за истрага на почетокот на истрагата и правото на жалба до судот против наредбата на обвинителот за спроведување истрага;
  2. Правото на одбраната да ги разгледа доказите на обвинителството пред рочиштето за притвор во претходната постапка.

Гореспоменатите прашања се дефинирани врз основа на препораките утврдени во Извештајот за проценката на реформата на кривичното законодавство (http://brrln.org/uploads/documents/292/clr_web.pdf), како и на состанокот на работните групи на БРМВП одржан од 13 до 15 април 2018 година во Охрид.

Освен националните активности за застапување, регионалните активности за застапување се спроведуваат под покровителство на БРМВП со единствена цел унапредување на процедуралните права на бранителите во кривична постапка и нивно усогласување со стандардите на ЕУ.

Во спроведувањето на овие активности, Работната група за кривично право ја има поддршката на канцеларијата на Иницијативата за владеење на правото на Американската адвокатска комора (АБА РОЛИ) во Скопје, искуствата на Советот на адвокатските комори и здруженија на правници на Европската Унија (ЦЦБЕ), адвокатските комори членки на БРМВП како и на експерти за застапување од регионот. 


Share this post